Хрватот кој настапуваше за Барселона: Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот

Марио Хезоња се очекува да биде главниот кошаркар на Реал Мадрид во новата сезона во која „кралевите“ ќе целат кон враќање на тронот на Евролигата, но и продолжување на доминацијата во шпанското првенство. Хрватот во Мадрид доаѓа од редовите на Уникс каде имаше импресивна сезона во најелитното европско натпреварување, а беше и МВП на ВТБ лигата.

Хезоња кој во минатото ги бранеше боите на Барселона, од каде и замина во НБА лигата на претставувањето во новиот клуб изјави дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот и ги разгоре страстите кај каталонците.

„Среќен и горд сум што ќе имам можност да настапам за најголемиот клуб на светот. Тука имам шанса да се борам за секоја титула. Отсекогаш го следев овој тим, тој има играчи со вистински карактер кој е потребен за победи. Ова е совршено место кое има менталитет како мене. Дојдов тука да освојам трофеи. Покрај легендарните ветерани како Љуљ, Руди и Серхио сакам да се наметнам како лидер чиј борбен дух ќе биде пример и за останатите“, изјави Хезоња.

Се вчитува...