Степанчиќ пред дуелот со Македонија и со својот тренер од ПСЖ: Од Раул научив многу

Дуелот меѓу  Македонија и Хрватска на претстојното ракометно СП во Германија и Данска ќе биде еден од најинтересните во групата во Б во Минхен меѓу другото и поради поврзаноста на двете репрезентации по многу основи. Повеќето се поранешни врски на хрватскиот селектор Лино Червар со своите поранешни играчи во Металург и во макеоднската репрезентација, но и на селекторот на Македонија, Раул Гонзалес со дел од хрватските репрезентативци на кои им беше тренер во Вардар. Сега пак, Раул под свое во ПСЖ го има десниот бек на Хрватска, Лука Степанчиќ.

Хрватскиот репрезентативец пред настапот на СП против својот тренер, изрази многу пофални зборови за работата на Шпанецот.

„Со променатана тренерот конечно ги дочекав своите минути во Шариз, почнав да уживам во ракометот и веќе научив многу од тренерот Раул. Одлично сум подготвен за репрезентативниот собир“ – истакна Степанчиќ за хрватските медиуми.

Репрезентацијата на Хрватска во завршната фаза од подготовките во Пореч, во наредните три дена ќе одигра два контролни натпревари со Црна Гора и еден со Италија. Според Степанчиќ тоа ќе биде добра проверка за „коцкестите“ пред она што ги очекува во групата во Минхен.

Во оваа фаза ова се противници по мерка бидејќи ни недостасуваат силни натпревари. Со Црна Гора и со Италија може да испробаме некои работи, ќе има простор. Составот сигурно ќе биде изменет, имаме можност да покажеме една нова Хрватска, нова сила. На СП имаме тежок распоред, во идеално сценарио, во последниот натпревар во групата ќе играме со Шпанците за првото место и за пренос на максимални четири бода во втората фаза во која не чекаат Французите и домаќинот Германија“  – вели Лука Степанчиќ убеден во фаворитската улога на Хрватска во минхенската група.

Македонија и Хрватска ќе играат меѓусебе во натпреварот од 3.коло на 14 јануари. Во групата Б се уште и селекциите на Шпанија, Исланд, Јапонија и Бахреин. Првите три селекции од групата обезбедуваат пласман во втората фаза на СП.

Се вчитува...