Хрватска без двајца важни играчи на ракометниот мундијал

Хрватска ќе биде сериозно ослабена за претстојниот ракометен мундијал откако Иван Чупиќ и Тин Лучин отпаднаа од комбинација за настап на СП 2023.

Чупиќ заработи незгодна повреда на коленото поради која нема да може да настапи на мундијалот, а главоболките на селекторот Хорват се зголемија откако отпадна и левиот бек Лучин, кој беше најдобар ракометар на „коцкестите“ на претходниот европски шампионат. Извонредниот шутер има проблем со рамото што лекарите не успеаја да го санираат, по што беше донесена одлука тој да не биде вклучен во финалниот список на Хорват.

На негово место е повикан Северец од Нексе, а новост во таборот на „коцкестите“ е враќањето на искусниот Јаков Гојун, кој би требало да биде од голема помош во играта во одбрана.

Се вчитува...