Хрватска го бара со потерница, а Мамиќ лудува по босански меани: „Не ни може никој ништо!“ (ВИДЕО)

Контроверзниот Здравко Мамиќ доби затворска казна од шест години и шест месеци во Хрватска поради финансиски малверзации со трансфери во Динамо Загреб… Но, Мамиќ на ден пред донесувањето на одлуката се одлучи да избега во Босна и Херцеговина каде е и денеска бегајќи од хрватските државни органи.

А, во БиХ, Здравко Мамиќ си „лудува“ до бесвест по босанските кафеани… Со раскопчана кошула Мамиќ си пее: „Не ни може никој ништо…“, сето тоа објавувајќи го на својот Инстаграм профил, а со потсмев уште еднаш обраќајќи се до хрватското правосудство.

 

View this post on Instagram

 

OPET ME SNIMAJU

A post shared by Zdravko Mamić (@zdravko__mamic) on

Изминативе денови тој се поврзува и со комплетно преземање на босанскиот суперлигаш Широки брег чиј тренер е Гоце Седлоски, кој токму на препорака на Мамиќ е во клубот. Но, навивачите на Широки брег жестоко се спротиставија на идејата осудено лице за кого се поврзуваат бројни малверзации да го преземе нивниот клуб.

Се вчитува...