Хрватска имаше сила за само едно полувреме против Норвешка

Хрватска која е хит на Европското ракометно првенство немаше сила за сензација и против првиот фаворит за титулата Норвешка (25-36). Хрватките имаа сила само за едно полувреме. Одиграа одлични први 30 минути и на полувреме заминаа со негатива од само еден гол разлика 14-15.

Во вториот дел Норвешка уфрли во повисока брзина и на крајот стигна до сигурен триумф од 25-36. Хени Рајстад со седум гола беше најдобра во таборот на победничките додека, Стине Офтедал заврши со шест. Кај поразените Камила Мицијевиќ заврши со седум.

Се вчитува...