Хрватска ја победи Црна Гора по одлично второ полувреме

Репрезентацијата на Хрватска без некои поголеми проблеми стигна до победа против Црна Гора од 34-22 (14-12) во пријателскиот натпревар во рамките на подготовките за СП кој се одигра во Пореч.

По израмнетото прво полувреме, Хрватите до триумфот стигнаа благодарение на одлично одиграниот втор дел…

„Добрата одбрана во второто полувреме ни овозможи брза транзиција од која реализиравме одлично. Мора да бидеме уште подисциплинирани затоа што одбраните ги добиваат натпреварите. Видов глад за победа кај младите ракометари, и тоа е она што е најважно во моментов“ – истакна по средбата селекторот на Хрватска, Лино Червар.

Хрватска е противник на Македонија во групната фаза на престојното Светско првенство во Германија. Од останатите противници на нашата селекција на Мундијалот, Јапонија ремизираше (28-28) денеска на пријателскиот натпревар со Швајцарија, а Бахреин убедливо загуби од Австрија со 31-22.

Се вчитува...