Хрватска нокаутирана во Рејкјавик, Србија спаси бод со Велс

Исланд продолжува да испишува нови страници од својата фудбалска историја откако по фантастичниот настап на ЕП 2016 сега оваа мала земја сериозно атакува и на виза за мундијалот во Русија. Исланѓаните вечерва славеа над Хрватска со минимални 1-0, израмнувајќи се со „коцкестите“ на делба на првото место во својата група. Мечот во Рејкјавик мина со многу борба, но без вистински шанси, а како клучна се покажа последната 90. минута, кога Исланд го постигна победничкиот гол преку Магнусон.

Hordur Bjorvin Magnusson GOAL HD Iceland 1-0… by Saiko-1

Интересно и неизвесно беше на „Маракана“ во Белград, каде Србија со многу мака стигна до бод против Велс (1-1). Гостите допатуваа без Герет Бејл, но сепак први поведоа со пеналот на Рамзи. Српскиот состав имаше повеќе од играта и заслужено стигна до израмнување преку Митровиќ, за потоа и покрај неколкуте шанси да не успее да направи целосен пресврт.

Aleksandar Mitrovic GOAL HD – Serbia 1-1 Wales… by jason-pitt1

ГРУПА Д: Србија – Велс 1-1, Р. Ирска – Австрија 1-1, Молдавија – Грузија 2-2.

Табела: Србија 12, Ирска 12, Велс 8, Австрија 8, Грузија 3, Молдавија 2.

ГРУПА И: Исланд – Хрватска 1-0, Косово – Турција 1-4, Финска – Украина 1-2.

Табела: Хрватска 13, Исланд 13, Украина 11, Турција 11, Финска 1, Косово 1.

Се вчитува...