Хрватска поразена од Бразил, Германките лесно против Чешка

Хрватска претрпе пораз од 25-30 од Бразил на отварањето на 25. Светско првенство во ракомет за жени. Бразилките до предност стигнаа уште во воведните минути и истата не ја испуштија. На полувремето резултатот гласеше 12-18, а предноста на јужноамериканската репрезентација се зголеми во второто полувреме за комотна победа.

До лесна победа стигна и репрезентацијата на Германија која славеше над Чешка со 31-21. Германките победата ја најавија уште на отварањето на мечот по што по првото полувреме резултатот гласеше 17-10. Добриот ритам продолжи и до крајот на средбата за двоцифрена победа.

Во останатите натпревари Австрија ја потврди фаворитската улога со триумф над Кина од 38-27, додека Јужна Кореја славеше со 37-23 над Конго.

Се вчитува...