Хрватска се избори за ЕП победувајќи ја Србија во Задар

Репрезентацијата на Хрватска се избори за пласман на ЕП 2020 откако во преполната арена во Задар во 4. коло од групата славеше против Србија со 27-23 (17-11).

И додек Хрватите слават пласман на ЕП, за Србите по овој пораз дополнително се искомпликува ситуацијата. Па сега Србија ќе мора да брка две победи во последните две кола, но притоа да очекува Хрватска и да слави против Швајцарија која во моментов е пред српската селекција во групата.

Пред само три дена Хрватска и Србија ремизираа (25-25) на дуелот во Белград.

Се вчитува...