Хрватски коментатор полуде на тројката на Пантер која значеше Ф8 за Партизан (ВИДЕО)

Хрватскиот коментатор кој го пренесуваше евролигашкиот дуел меѓу Монако и Партизан не остана рамнодушен по решавачката тројка на капитенот на „црно-белите“ Кевин Пантер во возбудливата завршница на натпреварот.

Партизан обезбеди пласман во најдобрите осум екипи на Евролигата, откако во петокот на гости го совлада Монако со 84-88.

Со одличните игри и спектакуларна атмосфера во белградска „Арена“, црно-белиот тим сезонава ги освои срцата на кошаркарските фанови ширум Европа, па дури и неутралните посакаа пласман на белградскиот тим во плеј-офот.

Ниту хрватскиот коментатор кој го пренесуваше натпреварот од Монако не ги криеше симпатиите кон „црно-белите“. Неговата реакција по клучната тројка на Кевин Пантер на крајот од мечот стана вирален хит.

„Па – па – па – па – па… Пантер“ извика воодушевениот коментатор по мајсторијата на капитенот на Партизан.

 

Се вчитува...