Хрватскиот селектор пред отказ – Оставка? Ќе разговарам со сопругата!

По шокантниот пораз на Хрватска од Словенија (30-31) во мечот за бронзениот медал на СП во Франција, селекторот на хрватската ракометна репрезентација, Жељко Бабиќ,  уште еднаш ја шокира јавоста со својата изјава.

На прашањето на хрватските новинари дали има намера да даде оставка, Бабиќ одговори:

„Морам да разговарам со сопругата“

Но, од Хрватската ракометна федерација веќе закажаа итна седница на која ќе се расправа за довербата на селекторот Бабиќ и на комплетното раководство на „коцкестите“ заедно со легендите Ивано Балиќ и Петар Метличиќ.

„Закажавме седница на Управниот одбор за вторник. Единствена точка на седницата на УО ќе биде да решиме за довербата на селекторот Жељко Бабиќ, координаторот Ивано Балиќ и за стручниот штаб на машката ракометна репрезентација на Хрватска“ – најави претседателот на ХРС, Томислав Граховац .

Се вчитува...