„Џузепе Меаца“ нова дестинација за Де Врај

Дефанзивецот на Лацио, Стефан Де Врај, по крајот на оваа сезона ќе се пресели во редовите на Интер, открива „Газета дело спорт“. Холанѓанецот наводно ја прифатил понудата за петгодишен договор со заработка од 3,5 милиони евра по сезона, плус бонуси. Претходно, одбранбениот фудбалер ја одбил понудата за обновување на соработката со Лацио, која изнесувала 2.5 милиони евра годишно, со клаузула од 28 милиони евра.

Италијанскиот медиум тврди дека Интер и Јувентус биле екипите најблиску до неговиот потпис, а оваа „трка“ во која „нероаѕурите“ излегуваат како победници траела речиси една година.

Сепак, Интер чека зелено светло од „Сунинг“ групацијата за да го комплетира трансферот, а се надеваат дека се ќе биде завршено пред почетокот на зимскиот преоден рок.

Се вчитува...