Прекин во Париз: Судијата расист, играчите го напуштија теренот!

Неверојатни сцени на „Паркот на принцовите“, каде натпреварот меѓу ПСЖ и Башакшехир е прекинат по само 18 минути игра, поради расистички навреди од четвртиот судија.

Тој упатил навреда кон еден од гостинските фудбалери, по што бурно реагираше Демба Ба, влегувајќи во конфликт со судијата – расист. Откако увидоа дека Ба е во право, играчите на двата тима заеднички го напуштија теренот.

Мечот е во прекин, а останува да се види како ќе реагира УЕФА.

Се вчитува...