Хуан Дејвис во новата сезона ќе игра против МЗТ Скопје

Доскорешниот кошаркар на МЗТ Скопје, Хуан Дејвис во новата сезона може да настапува против аеродромци во АБА лигата во дресот на Задар, пренесуваат хрватските медиуми. Американецот треба да биде замена за талентираниот Дује Брала кој неодамна го раскина доворот со задарскиот состав.

Дејвис претходната сезона со успех настапуваше во дресот на македонскиот состав. Во АБА2 првенството забележа просек од 9.6 поени и 5.3 скока, додека во домашното првенство бележеше 9.8 поени и 4.6 скока придонесувајќи за камбекот на „штрковите“ на „Јадранот“ и продолжување на доминацијата во мак-баскетот.

Дуелот помеѓу македонскиот и хрватскиот тим е закажан за 11. коло и ќе биде одигран на средината на месец декември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...