Хуан Мата не е успешен кафанџија, има долг од милион фунти

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Хуан Мата е должен милион фунти, откако бизнисот со ресторанот поради пандемијата од коронавирусот му е во сериозни проблеми. Мата во ресторанот нуди автентични шпански специјалитети и најдобри вина, но и покрај бројните позитивни критики, работата периодов не оди како што треба.

Неговиот ресторан е во минус од милион фунти, а на сметката во моментов има нешто повеќе од 46.000 фунти. Очигледно Мата беше убеден дека ќе успее на пазарот, работата одеше добро, но трошоците беа многу поголеми од приходите, па поради тоа ќе мора да го затвори ресторанот.

Се вчитува...