Хуанфран: Барселона не е само Меси

Атлетико Мадрид утре на домашен терен ја пречекува Барселона во Примера. Бекот на мадриѓани, Хуанфран е категоричен дека неговиот тим ќе мора да го даде максимумот ако сака победа.

Барселона во сите седум претходни кола запиша победа, но и Атлетико од друга стране е непоразен.

„Може да ги победиме, но мора да бидеме во најдоброто издание. Знаеме сите која е Барса. Меси прави разлика на терен, Иниеста се врати во вистинската форма. Мора да се бориме и веруваме во себе, и да делуваме како тим ако сакаме успех. Да бидеме искрени, Барселона не е само Меси, тие се екипа со многу ѕвезди кои сакаат да победуваат на секој меч“ – вели Хуанфран.

Се вчитува...