Хуго Лорис доби забрана за возење

Голманот на Тотенхем и на француската фудбалска репрезентација, Хуго Лорис, доби забрана за возење и казна од 50.000 фунти откако во суд призна дека возел под дејство на алкохол. Лорис не смее да управува автомобил 20 месеци.

Тој се произнесе за виновен во случајот во кој полицијата го запрела и констатирала дека вози со недозволено количество алкохол во крвта. Тој во сведочењето призна дека имало повеќе вакви случаи.

Лорис кој со Франција изминатово лето ја освои светската титула, бил запрен во полицијата во рутинска контрола возејќи  го автомобилот Порше панамера.

Се вчитува...