Хуго Љорис уапсен во Лондон!

Голманот на Тотенхем, Хуго Љорис, мораше да мине неколку часа во полициска станица во Лондон откако беше приведен поради возење во пијана состојба. Британските медиуми информират дека францускиот чувар на мрежата бил запрен од полицијата во 2.20 часот наутро, по што бил доведен во полициска станица откако алко-тестот покажал недозволен процент на алкохол во неговата крв.

Според „Сан“, Љорис минал седум часа во полициска станица, период во кој се отрезнил, против него било покренато обвинение, по што со кауција бил ослободен да замине во својот дом во Лондон.

Можеме да потврдиме дека 31-годишниот Хуго Љорис е обвинет за возење во пијана состојба на 24 август. Тој беше пуштен со кауција и ќе мора да се појави на суд на 11 септември“ – се вели во извештајот на лондонската полиција.

Се вчитува...