Хулиганот кој го нападна Дмитровиќ доби три месеци казна затвор

Дваесетгодишниот маж од Рурмонд кој го нападна српскиот голман Марко Дмитровиќ за време на мечот меѓу ПСВ Ајндховен и  Севилја во Лигата на Европа е осуден во средата на три месеци затвор, од кои еден месец условно.

Како што пренесуваат холандските медиуми донесена е пресуда и за двегодишна забрана да се приближува до просторот околу стадионот на ПСВ Ајндховен. Јавниот обвинител побара иста казна за време на забрзаното судење во судот во Ден Бош.

Како што наведуваат во државното обвинителство, „постапката на осомничениот немала врска со фудбал или љубов кон неговиот клуб“. 20-годишниот маж од Рурмонд, кој и претходно правел проблеми, вели дека испил многу пиво тој ден и не се сеќава на ништо.

Се вчитува...