Фудбалерерот на Атлетико Минеиро Хулк, во текот на реваншот од 1/8 финалето во Купот на Бразил против Фламенго, изгубил шест килограми, па после мечот морал да испие 30 литри вода за да даде примерок за допинг контрола.
Поранешниот репрезентативец на Бразил лесно губи килажа за време на натпреварите, а после поразот во Рио де Жаниеро (3-2) беше одбран да даде примерок на допинг контрола.
„Откако дојдов во Атлетико, ова е натпревар во кој најмногу дехидрирав. Денеска изгубив шест килограми. Уморен сум, после натпреварот останав четири часа и испив 30 литри вода. На почетокот имав 97, а завршив со 91 килоеграм“, рече Хулк.
Хулк остана на стадионот до 3:50 часот навечер, а во Бело Хоризонте отпатува со приватен авион, додека екипата замина многу порано.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА