Хуманиот Белерин ќе донира по 50 фунти за секоја минута игра на ЕП во Полска

Десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, е шокиран од големата трагедија што се случи пред неколку дена, кога голем број жртви во Лондон ги загубија животите во пожарот што ја зафати кулата Гренфел.

Белерин, кој ќе биде еден од лидерите на Шпанија на претстојниот европски шампионат во Полска, објави дека ќе донира по 50 фунти за секоја одиграма минута на ова ЕП за младинци, а сите средства ќе заминат на сметката на здруженијата за помош на настраданите од оваа трагедија.

За секоја минута што ќе играм на ЕВРО У21, ќе донирам по 50 фунти за помош на жртвите од „Гренфел тауер“. Ве молам, поддржете ја оваа акција“ – напиша Белерин на својот твитер-профил.

Се вчитува...