Хуманитарен кошаркарски меч Работнички – Работнички ветерани

Раководството на КК Работнички во соработка со Општина Центар за среда со почеток во 18 часот организира хуманитарен натпревар во кој силите ќе ги одмерат актуелните шампиони на Македонија, со тимот составен од ветерани на Работнички.

Собраните средства од овој меч ќе бидат наменети за Ирена Танчева, 25-годишна мајка на две деца, на која и е потребна финансиска помош за операција во Русија.

Овој натпревар воедно ќе биде „генералка“ за тимот на Марин Докузовски во пресрет на големото дерби од следното коло во Првата лига, дуелот со вечниот ривал МЗТ Скопје.

Се вчитува...