Хуманитарна акција на ракометниот Куп на Македонија

Организаторот на завршницата на ракометниот Куп на Македонија во машка конкуренција, Ракометната федерација на Македонија и РК Еурофарм Работник денес обелоденија дека приходот од билетите на полуфиналните и финалните натпревари од Купот овој викенд ќе замине во хуманитарни цели за помош на битолчанецот Гоце Марковски

Цената на полуфиналните билети е 100 денари за двата натпревари и 100 денари за неделното финале.

Имено Битолчанецот Гоце Марковски (роден декември 2003 година) беше опериран од тумор на мозок во почетокот на декември. Моментално е на ургентно пост-оперативно лекување во Германија во Универзитетската Клиника во Хале. Целокупниот износ на лекувањето е 50.000 евра поради што семејството има потреба од помош која e неопходна за покривање на сите трошоци.

Донирањето на средства се врши преку следните сметки:

ДенарскаГоце Марковски – Битолаж-ро сметка 530500020219122 при Охридска банка

ДевизнаIBAN: МК075 3028 0005214009SWIFT: OHRDMK22

-Донациски број за корисниците на Телеком 070 143-122

-Донациски број за корисниците на Оне.ВИП 143-487

Се вчитува...