Хуманоста на дело: Алиоски им го разубави денот на дечињата со срцеви заболувања

Езгијан Алиоски уште еднаш ја покажа својата човечка големина откако со својот соиграч Пабло Хернандез тргна во посета на Детската болница за Кардиологија во Лидс.

Нашиот репрезентативец заедно со Шпанецот ги посети сите дечиња, фотографирајќи се со нив и разубавувајќи им го денот.

Алиоски и Хернандез дојдоа во болницата на посета на „Фондот за кардио-хирургија во Јоркшир“, чии претставници не го криеја задоволството што фудбалерите издвоија дел од своето време за оваа „хумана мисија“.

Се вчитува...