Хумелс ќе донира 1% од својата неделна плата во добротворни цели

Освојувачот на Светското првенство во 2014 година, Матс Хумелс, е првиот фудбалер кој му се приклучи на Хуан Мата и ќе донира 1% од својата неделна плата во добротворни цели. Германецот коплетно ја поддржува идејата на Мата да се собере тим од 11 врвни фудбалери кои финансиски ќе ја поддржуваат фондацијата „Комон Гол“.

„Ова е шанса на фудбалот да придонесе во подобрување на светот, а јас сакав да бидам дел од тоа. Сметам дека можеме да правимемногу повеќе со средствата кои се инвестираат во фудбалот, за посериозни цели. Со овој 1%,  градиме мост помеѓу овој спорт и социјалниот допринес низ светот“, изјави Хумелс.

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хуан Мата, кој прв ја започна оваа иницијатива, му се заблагодари на Хумелс за поддршката, и смета дека наскоро ќе се пријават и други мега-ѕвезди кои финансиски ќе го поддржат овој проект.

„Хумелс ја разбира целта на нашиот проект. Фактот дека светски првак, кој игра за еден од најголемите клубови во светот, изрази желба да допринесе за оваа идеја да ги оствари своите цели, ја покажува моќта и магијата на сето ова што го правиме. Му се заблагодарувам на Матс што се придружи на тимот, се надевам ова ќе ги поттикне и другите фудбалери да станат дел од овој тим“, истакна Мата.

 

Се вчитува...