Хумелс: Направете го ВАР јасен, немам повеќе зборови

Дефанзивецот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс, кој вчера доби црвен картон за време на натпреварот со Ајакс, кој на крајот се покажа како клучен за резултатот, го коментираше исклучувањето по дуелот со Ентони.

Ајакс со пресврт во последните 20 минути, го доби мечот со Борусија 1:3, и си обезбеди место во 1/8 финалето од Лигата на шампионите.

„Направете го ВАР јасен, што е а што не е црвен картон. Повеќе немам зборови“, рече Хумелс кој додаде дека е горд на неговите соиграчи кои се бореле цел натпревар.

Се вчитува...