Хумелс: Премногу често јас и Боатенг бевме сами

Матс Хумелс изрази разочарување изрази разочарување поради бледото издание на Германија на премиерниот меч од СП 2016, на кој актуелните светски прваци беа поразени од Мексико. Воедно, Хумелс не го криеше незадоволството што тој и дефанзивниот колега Боатенг не добиле соодветна помош од соиграчите при контранападите на Мексиканците.

„Едноставно е, игравме против Саудиска Арабија и имавме проблеми. Разговаравме и ги увидовме, проблеми со губењето на топката и враќање назад… знаевме дека против посериозна репрезентација ќе имаме потешкотии, но сепак не ги отстранивме недостатоците во нашата игра. Им ја олеснивме работата на противникот, нормално е кога ќе се игра офанзивен фудбал да се остава простор за противниците, но премногу често денеска во одбраната бевме само јас и Боатенг“ – истакна Хумелс.

Се вчитува...