Хуркач го понижи Федерер како никој досега на Вимблдон

Полскиот тенисер Убер Хуркач се пласираше во своето прво грандслем полуфинале откако го совлада легендарниот Роџер Федерер со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 6-0.

Федерер беше достоен противник само во вториот сет во кој на стартот имаше и брејк предност, а на крајот го изгуби во тај-брејк.

Хуркач во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Матео Беретини и Фелиск Оже-Алиасим.

Се вчитува...