Хуркач имаше сила само за сет против Ѓоковиќ

Првиот рекет на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ потешко од очекуваното го совлада полскиот тенисер Хуберт Хуркач во третото коло на Вимблдон. Актуелниот шампион до победата стигна со 3-1 во сетови (7-5, 6-7, 6-1 и 6-4).

Во првите два сета Ѓоковиќ имаше очајна реализација на брејк топките (1-10) што беше доволно полскиот тенисер да стигне до вториот сет, кој беше рамен на сензација. Сепак, Србинот успеа да се стабилизира и со сигурна игра во продолжение да стигне до конечни 3-1.

Во осминафиналето актуелниот шампион ќе се сретне со подобриот од мечот меѓу Оже-Алиасим од Канада и Уго Умбер од Франција.

Се вчитува...