Хуркач во драматично финале со Рубљев до трофејот во Шангај

Полскиот тенисер Хуберт Хуркач е победник на АТП Мастерсот во Шангај, Кина, откако во драматично финале славеше во три сета, на крај дури по тај-брејкот против Русинот Андреј Рубљев.

Првиот сет Хуркач го доби со 6-3, а потоа во вториот сет Рубљев му возврати со иста мера добивајќи го со 3-6.

Вистинската борба се случи во третиот сет. Хуркач имаше меч топка при водство од 5-4 во гемови и сервис на противникот, но рускиот тенисер успеа да се спаси одвлекувајќи го мечот кон тај-брејк каде во вистинска драма

На крај, по освоениот трофеј, Хуркач (17. место на АТП листата) заминува побогат за 1,26 милиони долари.

Се вчитува...