Хусмани уште две години во Домжале

Македонскиот фудбалер од средниот ред Зени Хусмани, останува во Домжале и потпиша денеска продолжување на договорот на уште две години.

По завршувањето на минатата сезона, на Хусмани му истече договорот, но на обострано задоволство беше продолжен на уште две сезони.

„Поради промената на шефот на стручниот штаб, решив малку да почекам, но штом почнавме да преговараме, завршивме брзо. Сакав да останам, истото го мислеше и управата. Сега можам да се фокусирам на работата, и со нетрпение чекам да почнеме со работа. Секако за моето останување одлучи и моето семејство кое се случува одлично тука“, рече Хусмани.

Хусмани играше во Домжале од 2012 до 2018 година, а потоа од 2018 до 2020 играше во Гиресунспор и Шкендија. Меѓутоа во 2020 година повторно се врати во Домжале. Тој има четири настапи за младата селекција на Македонија, и ниту еден за сениорската репрезентација.

 

Се вчитува...