Хувентуд ја растури Барселона, Димитријевиќ непогрешлив

Македонскиот кошаркарски интернационалец во Шпанија, Ненад Димитријевиќ, имаше забележителен настап за Хувентуд во убедливиот триумф над Барселона (89-77). Тој постигна осум поени, со максимална прецизност (1/1 за два, 1/1 за три и 3/3  од слободни фрлања) за 11 минути проведени на паркетот.

Хувентуд со овој триумф го задржа фокусот за пласман во плејофот, а на Барселона и го нанесе првиот пораз по два месеци. Клучна за победата на Хувентуд беше одличната игра во третата четвртина, која домашниот состав ја доби со 29-18.

Се вчитува...