И Анчелоти на суд поради затајување данок

На тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти ќе му се суди за затајување данок бидејќи не ги пријавил приходите од продажбата на правата за користење на својот имиџ во 2014 година, објави агенцијата Франс прес.

Анчелоти ги „призна“ околностите што довеле до неплатен данок од 386.361 евра, се вели во судскиот документ. Во 2014 година Италијанецот ги пријавил своите приходи како тренер на Реал Мадрид, но не навел други приходи, соопшти даночната служба.

Судот, сепак, ја отфрли жалбата на даночната служба за непријавен приход во 2015 година. Карло Анчелоти беше тренер на Реал од 2013 до 2015 година, пред да се врати во Мадрид во 2021 година. Неговиот договор со Реал истекува во јуни 2024 година, кога треба да ја преземе бразилската репрезентација.

Се вчитува...