И Бахреин не е аутсајдер, ја декласираше Грција со 27-19

Репрезентацијата на Бахреин, вториот противник на македонската селекција во групната фаза од претстојното Светско ракометно првенство, во подготвителен натпревар забележа убедлива победа над Грција со 27-19. До триумфот азискиот состав дојде благодарение на сигурното второ полувреме кое го доби со 17-8 откако на полувремето имаше еден гол предност.

Овој резултат треба да биде сериозно предупредување за македонскиот тим кој пак во евроквалификациите претрпе пораз на гостувањето кај Грција.

Од противниците во нашата група на ракометниот мундијал победи денеска во контролните мечеви остварија Хрватска и Шпанија. Хрватите славеа над Италија со 28-20, а Шпанците триумфираа во дуелот со Белорусија со убедливи 40-29.

Противникот со кој ќе го отвориме Светското првенство, репрезентацијата на Јапонија загуби од Тунис со 34-31.

Македонската репрезентација одигра две контроли против Србија како дел од подготовките за настапот на шампионатот во Германија и во Данска и забележа две победи.

Се вчитува...