И Бензема во Италија: Се е договорено, само Реал да каже ДА!

Францускиот напаѓач Карим Бензема по девет години би можел да го напушти Реал Мадрид и се пресели во Серија А во Италија.

Според пишувањето на италијанските медиуми, агентот на Бензема веќе ги финиширал преговорите со Милан и со тренерот на овој клуб, Џенаро Гатузо со кого вчера бил на состанок, околу личните услови за трансфер на Французинот. Росонерите сакаат да го засилат нападот, а најголема желба им е Бензема.

Што се однесува до договор меѓу Бензема и Милан се е усогласено а сега останува да се согласи Реал Мадрид. Наводно, како што пишува „Скај спортс“, Милан му понудил на францускиот напаѓач договор од три години според кој по сезона би заработувал околу девет милиони евра со можност за продолжување на соработката на уште една година.

Се вчитува...