И Бесир Демири на тренинзите на Шкупи

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бесир Демири се приклучи на тренинзите на Шкупи пред продолжението од сезоната.

Демири, откако ја заврши соработката со словачка Жилина, паузата пред ангажман во нова фудбалска средина се одлучи да ја искористи за тренинг со Шкупи во чии редови настапуваше пред пет години. Како што вели, ја користи паузата единствено за одржување на формата со чаирчани а наредниот период ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата со оглед на тоа што има неколку понуди од странство.

Демири до 2015 година настапуваше за Шкупи од каде се пресели во Вардар. Потоа беше член и на украински Мариоупол.

Се вчитува...