И без Пандев против Австријците!?

ЕКИПА во Виена,

Никола Ѓуровски

Селекторот на фубалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски се соочува со нови проблеми пред утрешниот натпревар против Австрија во квалификациите за пласман на Европското првенство во Австрија, откако капитенот Горан Пандев се пожали на зголемена телесна температура поради која е неизвесен за утрешниот меч.

„Најверојатно Горан Пандев утре нема да може да настапи на мечот против Австрија, бидејќи денеска се пожали на зголемена телесна температура“, изјави Ангеловски. 

Покрај Пандев, Ангеловски утре поради повреда нема да може да смета ниту на Аријан Адеми и Иван Тричковски, а во тимот поради жолти картони нема да бидат и Илија Несторовски, Висар Муслиу и Бобан Николов.

Се вчитува...