И Бјанка Андреску го откажа учеството во Токио

Канадската тенисерка Бјанка Андреску нема да ја претставува својата земја на Летните олимписки игри во Токио, а својата одлука ја објави на социјалните мрежи. Андреску е последна од низата на тениски ѕвезди кои се повлекоа од турнирот во Токио, откако претходно тоа го направија и Рафаел Надал, Серена Вилијамс, Доминик Тим, Симона Халеп…

„Уште откако бев мала сонував да ја претставувам Канада на Олимписките игри. Но, со сите промени со кои се соочуваме, а се поврзани со пандемијата, длабоко во срцето чувствувам дека донесов правилна одлука“, напиша Андреску.

 

Се вчитува...