И Бордо во трка за услугите на Аријан Адеми

Уште еден француски тим е желен за ангажман на македонскиот репрезентативец Аријан Адеми. Покрај Лил, како што пренесува „Л’Екип“, заинтересиран за услугите на Адеми е и Бордо.

Адеми остави зад себе извонреден настап на првиот европски натпревар ова лето за Динамо Загреб, постигнувајќи два гола против израелскиот шампион Хапоел Бер Шева.

Сето тоа донесе заинтересираност и од Бордо, покрај веќе актуелната понуда од Лил, кои јасно укажуваат дека Адеми ова лето заминува од Динамо Загреб.

Прва трансфер цел на Бордо е играчот на Ријека, Филип Брадариќ, но тој сега е пред преселба во Каљари, па се создава простор за Адеми во Бордо.

Се вчитува...