Поранешните македонски селектори Бошко Ѓуровски и Чедомир Јаневски се меѓу кандидатите, согласно шпекулациите во црногорските медиуми, за нов селектор на репрезентацијата на Црна Гора.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора, Дејан Савичевиќ пред само два дена изјави дека главен предуслов околу изборот на новиот селектор ќе биде да го познава јазикот на неговата земја, со исклучок на тренери кои доаѓаат од Србија. Па, во тој избор, како што пренесуваат црногорските медиуми, се издвојуваат домашните црногорски тренери и оние од БиХ и Македонија.
Веќе се навестуваше дека најсериозни кандидати се Босанците, Сафет Сушиќ и Фарук Хаџибегиќ, за да сега „сериозно“ во трка влегуваат и Бошко Ѓуровски и Чедомир Јаневски кои претходно во своите кариери беа тренери и на белградска Црвена Звезда.
Ѓуровски во моментов е слободен без никаков тренерски ангажман, а Јаневски е на чело на египетскиот Исмаили.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА