И Бујчевски потпиша за Трепча во Косово

Довчерашниот напаѓач на Силекс, Антонио Бујчевски својата кариера ќе ја продолжи во ФК Трепча, во шампионатот на Косово.

Откако претходно за овој косовски клуб потпишаа и Благој Гуцев од Силекс и Мартин Мирчевски од Беласица, и Бујчевски се одлучи да продолжи во тимот од Митровица.

28-годишниот Бујчевски претходно во својата кариера има настапи и за Пелистер, Еуромилк ГЛ, Вардар, Ренова, Металург и Тетекс. Изминатава сезона во дресот на Силекс одигра 29 натпревари, постигнувајќи и четири погодоци.

Се вчитува...