И Бутел ги стартуваше подготовките за новата сезона

Ракометниот суперлигаш Бутел Скопје денеска официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2022/23. На првата прозивка, тренерот Кристијан Грчевски на своите избраници им ги претстави плановите за новата сезона, во која клубот ќе игра и на европска сцена.

Дел од подготовките ќе се одвиваат во Пехчево, од 10. до 15. август, пред настапот на Струшкиот турнир од 16. до 20. август. Потоа ќе бидат одиграни уште неколку пријателски средби пред стартот на Суперлигата.

Досега тимот од скопската населба се засили со голманот Филип Ивановски, како и бековите Мартин Манасков, Стефан Крстевски и Филип Николов, а покрај тренерот Грчевски договорите ги продолжија пивотите Јевтиќ и Стојчевиќ, како и бекот Стојановски.

Бутел го ангажираше и левиот бек од Борец, Илија Табаков и двајцата ракометари од младинската школа на Вардар, десниот бек Андреј Петрушевски и средниот бек Наум Тасески. Потпишани беа професионални договори и со шест ракометари од младинската школа – Дејан Михајловиќ, Марко Каевски, Петар Цветковски, Филип Бошковски, Наум Симјановски и Стефан Јовевски.

Бутел Скопје во новата сезона во Суперлигата ќе игра во групата А заедно со Вардар, Вардар Неготино, Куманово, Охрид, Струга, Прилеп и Алкалоид

Се вчитува...