И Челси потпиша некого: Рудигер пет години на „Стемфорд бриџ“

Тимот на Челси во изминатите триесетина дена беше поврзуван со бројни фудбалери, но англискиот првак дури денеска го комплетираше првиот трансфер за следната сезона. Станува збор за Антонио Рудигер, 24-годишниот дефанзивец кој пристигнува од Рома за сума од 34 милиони фунти.

Прекрасно е чувството да се стане дел од еден ваков голем клуб. Горд сум што официјално станувам член на Челси и со нетрпение очекувам да ги запознам своите нови соиграчи“ – изјави германскиот интернационалец, кој ќе го носи дресот со број два во лондонскиот клуб.

Ангажманот на Германецот доаѓа по разочарувачките преговори со Ромелу Лукаку, кој го откачи Челси за да потпише договор со Манчестер јунајтед. Антонио Конте сега го насочува вниманието кон Бакајоко од Монако, кого го гледа како идеално засилување за средниот ред за следната сезона.

Се вчитува...