И четврти гол сезонава за Бабунски во Бугарија, во ремито со Локо Софија (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Доријан Бабунски го запиша и четвртиот свој гол сезонава во шампионатот на Бугарија во дресот на Ботев Враца.

Во 10. коло од најсилната лига на Бугарија, Ботев Враца ремизираше (2-2) со Локомотив Софија а Бабунски беше стрелец на првиот гол уште во 10. минута за домашните.

 

Ботев Враца имаше предност и од 2-0, но гостите успеаја да извлечат бод.

Се вчитува...