И четврти гол за Ивановски во Хрватска…

Македонскиот интернационалец Мирко Ивановски го запиша својот четврти гол во дресот на Славен Белупо сезонава во хрватскиот шампионат.

Славен одигра без победник (2-2) со последнопласираниот тим во лигата Рудеш, откако дозволи погодок во својата мрежа во финишот од средбата.

Мирко Ивановски, пак, стрелаше во 60. минута за водство од 2-1 во тие моменти на тимот од Копривница. Гостите и со двајца фудбалери помалку, израмнија во 93. минута со голот на Хавојиќ од пенал.

Се вчитува...