Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија го објави списокот за октомвриските квалификациски натпревари против Лихтенштајн на гости (8. октомври) и Германија дома (11.октомври).
Тој вели дека голем дел од фудбалерите се соочуваа изминатиот период со ситни повреди, но освен Барди за кој ќе се знае во следните неколку дена сите ќе дојдат на првиот собир на репрезентацијата.
„По нашиот собир не само Енис туку имаме проблеми со повеќе играчи. Тој не е во натпреварувачки ритам зошто се пожали на повреда на тренинг по враќањето од нашиот собир. Истата ситуација е и со Висар Муслиу. Тие се расположени да дојдат, но ќе одлучат лекарите околу тоа. Кога е во прашање Енис последна снимка има на 30. септември и тогаш ќе знаеме повеќе. Со Висар ситуацијата е многу подобра и веќе во недела ќе биде присуте тука. Со Адеми исто така имавме проблеми, но сега се е во ред и се надевам дека ќе дојде и тој на собирот. Поконкретна слика ќе имаме сабота веројатно недела. Чурлинов има скршеница на вилицита која беше дијагностицирана завчера, но за среќа нема никакви поголеми проблеми и со специјална медицинска маска ќе биде подготвен за настап“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА