И Џирона во „списокот“ на Меси, веќе нема клуб во Ла Лига што го запрел Аргентинецот

Лионел Меси успеа да се запише меѓу стрелците на вечерашниот дуел со Џирона, единствениот тим од Ла Лига што до денеска можеше да се пофали дека настапил против аргентинскиот генијалец, но не му дозволил да се запише меѓу стрелците.

Меси стрелаше прецизно на асистенција на Суарез, а потоа беше прецизен и од слободен удар за водство од 3-1, со што Џирона стана 36. клуб од Примера дивизион против кои генијалецот има настапено и постигнато погодок.

Воедно, со додавањето до Суарез за израмнувачкиот погодок за 1-1 Меси стана и најдобар асистент во историјата на Ла Лига, со 148 асистенции, една повеќе од досегашниот рекордер Мичел.

Се вчитува...