И ЕХФ со признание за Митревски: Одбраната за која зборува цел ракометен свет…

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски засекогаш ќе ја памети изминатата ноќ во Лигата на шампионите и неговата феноменална партија против Пик Сегед во дресот на Порто.

Митревски од 32 противнички шутеви имаше феноменални 15 одбрани, дополнети и со една асистенција за погодок издвојувајќи го, без сомнение, ракометар број еден во победата на Порто. Неговата партија не остана незабележана ниту од ЕХФ која сосема заслужено го издвои за играч на мечот.

„За неговиот извонреден перформанс, а да не зборуваме за одбраната за која зборува секој, Играч на мечот е никој друг туку само Никола Митревски“ – напишаа од ЕХФ во својата објава.

 

А, одбраната за која уште долго ќе се зборува, денеска е хит низ сите светски медиуми…

 

Се вчитува...