Ердал Ракип за дуелите со Лихтенштајн и Германија, и Барди и Адеми на списокот на Милевски!

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за квалификациските натпревари на македонската репрезентација за пласман на Светското првенство 2022 година. За првпат повик во репрезентацијата доби Ердал Ракип кој со шведски Малме настапува во Лигата на шампионите.

Нашата најдобра селекција на 8. октомври ќе се соочи со Лихтенштајн на гостински терен во Вадуц, а на 11. октомври на Националата арена „Тодор Проески“ ќе ја пречекаме селекцијата на Германија.

Покрај Ракип кој добива деби-повик, во составот е и Аријан Адеми, кој се враќа по паузата на септемврискиот собир, а на списокот е и Енис Барди за кого до последно ќе се очекува дали ќе може да помогне за дуелите со Лихтенштајн и со Германија. Од составот, во однос на претходниот собир, единствено отпадна Даниел Аврамовски кој е без клуб.

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 3. октомври (20:00 ч.) во хотел „Хилтон“ во Скопје.

СПИСОКОТ НА А-РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО ЛИХТЕНШТАЈН И СО ГЕРМАНИЈА:

Голмани: Столе Димитриевски (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан Шишковски (Докса, Кипар), Дејан Илиев (Серед, Словачка);

Одбрана: Стефан Ристовски (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко Велковски (Ријека, Хрватска), Висар Муслиу (Мол Види, Унгарија), Кире Ристевски (АЕЛ Лимасол, Кипар), Езѓан Алиоски (АЛ Ахли, Саудиска Арабија), Тодор Тодоровски (Раднички Ниш, Србија), Стефан Ашковски (Сепси, Романија), Ѓоко Зајков (Левски, Бугарија), Никола Серафимов (Залаегерсег, Унгарија);

Среден ред: Елиф Елмас (Наполи, Италија), Енис Барди (Леванте, Шпанија), Стефан Спировски (Мариупол, Украина), Тихомир Костадинов (Ружомберог, Словачка), Бобан Николов (Шериф Тираспол, Молдавија), Аријан Адеми (Динамо Загреб, Хрватска), Ердал Ракип (Малме, Шведска), Јани Атанасов (Хајдук Сплит, Хрватска);

Напад: Адис Јаховиќ (Гестепе, Турција), Милан Ристовски (Спратак Трнава, Словачка), Бојан Миовски (МТК, Унгарија), Александар Трајковски (Алборг, Данска), Дарко Чурлинов (Шалке 04, Германија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија).

Се вчитува...