И Филип Тимов се приклучува на Академија Пандев

Довчерашниот фудбалер на Силекс, Филип Тимов е пред официјален договор за трансфер во редовите на Академија Пандев.

26-годишниот крилен офанзивец веќе се приклучи на подготовките на струмичани, но останува наредниот период и дефинитивно да бидат прецизирани деталите околу евентуална идна соработка.

Покрај во Силекс, Тимов претходно во својата кариера има настапи и за Хоризонт Турново на домашната сцена, како и за словенечки Копер, Арис Лимасол на Кипар како и ерменските Импулс и Банантс.

Се вчитува...